ЛШ: Интер ја „расплака“ Барселона и завери осминафинале (ВИДЕО)

130

Фудбалерите на Интер се пласираа во нокаут фазата од Лигата на шампионите откако вечерва на „Џузепе Меаца“ во 5. коло од групната фаза ја совладаа Викторија Плзен со убедливи 4:0. Един Џеко  постигна два гола за „нероаѕурите“, а во својот прв настап по само 4 минути на теренот, гол постигна и Лукаку.

Домашните од првата минута напаѓаа силно кон гостинскиот гол, а на првиот погодок се чекаше до 35. Минута кога Мхитарјан погоди за водство.

 

Седум минути Џеко со својот прв гол зголеми на 2:0.

 

Во 66. Минута, Џекос со својот втор гол зголеми на 3:0, а конечните 4:0 ги постави Лукаку кој влезе од клупата во 83. минута, а четири минути подоцна постигна гол.

 

Во вториот меч вечерва Порто со убедливи 4:0 го совлада Бриж и зачекори кон осминафиналето во Лигата на шампионите. Момците на Консеисао одиграа одличен меч, а домашните при резултат 0:1 двапати промашуваа од белата точка.

ПретходноППД Загреб извади реми, ПСЖ го прегази Динамо во Букурешт
СледноИнтер ќе го испрати Госенс на позајмица во Баер (Л)?