Германците се „ноќна мора“ на Барселона

130

Барселона ја продолжи серијата без победа над германски тим дури 7 натпревари.

Каталонците синоќа загубија од Баерн (0:3) во 5. коло од групната фаза на Лигата на шампионите.

Последен пат Барселна победила против тим од Германија на 27 ноември 2019 година, славеше над Борусија Дортмунд со 3:1.

Оттогаш, Каталонците имаат пет порази од Баерн (2:8, 0:3, 0:3, 0:2 и 0:3) во Лигата на шампионите, а исто така загубија и од Ајнтрахт во Лигата на Европа, каде имаат и еден нершеен меч со нив (2:3 и 1:1).

ПретходноТен Хаг: Варан има шанси да заигра на СП во Катар
СледноЛејкерс вртоглаво тонат: Јокиќ и Денвер со лекција за „езерџиите“ (ВИДЕО)