Лејкерс вртоглаво тонат: Јокиќ и Денвер со лекција за „езерџиите“ (ВИДЕО)

139

Кошаркарите на Денвер му нанесоа уште еден, четвртти по ред, пораз од почетокот на сезоната на тимот на Лос Анџелес Лејкерс. Утрово Денвер славеше со 110:99 предводен од српскиот центар Никола Јокиќ, кој мечот го заврши со 31 поен, 13 скока, девет асистенции и четири украдени топки. Брус Браун постигна 18 поени, а Џамал ​​Мареј 13 поени со шест асистенции.

Во тимот од Лос Анџелес најефикасен беше Ентони Дејвис со 22 поени и 14 скока.

Кошаркарите на Мајами го победија Портланд со 119:98 и ја прекинаа серијата од четири победи на Треилблејзерси. Шест играчи на Мајами постигнаа двоцифрен број на поени, а најефикасен беше Бем Адебајо со 18 поени и осум скока. Милвоки, пак, го победи Бруклин со 119:90. Бакс ги предводеше Адетокунбо со 43 поени, 14 скока, пет асистенции и три блокади. Во тимот од Бруклин, Кевин Дурент постигна 33 поени, а Кајри Ирвинг 27 поени со девет скока. Тренерот на Нетс, Стив Неш, беше исфрлен во третата четвртина поради протестирање кон судиите. Ова е првпат да биде исклучен откако го презеде Бруклин, додека како играч двапати беше исклучуван во 18 играчки сезони.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Кливленд – Орландо 103:92

Детроит – Атланта 113:118

Милвоки – Бруклин 110:99

Њујорк – Шарлот 134:131 (прод.)

Торонт – Филаделфија 119:109

Чикаго – Индијана 124:109

Минесота – Сан Антонио 134:122

Јута – Хјустон 109:101

Денвер – ЛА Лејкерс 110:99

Портланд – Мајами 98:119

ПретходноГерманците се „ноќна мора“ на Барселона
СледноНа телефон гледаа што се случува во Мадрид: Во авион станаа осминафиналисти (ВИДЕО)