Селекторот на Шпанија, Луис Енрике утре треба да го објави поширокиот список на играчи за СП во Катар. На него ќе го има и Серхио Рамос, некогашниот капитен на “фуријата“ кој има 180 настапи и во последно време не беше во плановите на Енрике. Но, сега работите се менуваат и стоперот на ПСЖ најверојатно ќе игра на Мундијалот.
Да потсетиме дека Рамос со Шпанија беше и европски и светски првак.