Вчера на Твитер е објавена мапа на кој се гледа во која од европските земји кои тимови од НБА најмногу се “гуглаат“ на интернет. Кога сме кај регионот или во земјите на екс – СФРЈ, распоредот е јасен. Во Македонија, Словенија и Хрватска најмногу се “гугла“ тимот на Далас Маверикс, и тоа поради Лука Дончиќ.
Додека во Србија, БиХ и Црна Гора тоа е тимот на Денвер Нагетс и тоа поради Никола Јокиќ.
На ниво на Европа, најмногу се “гугла“ тимот на Голден Стејт, а потоа на Милвоки и Чикаго. Интересно, во Сан Марино најомилен тим е Филаделфија.