По поразот од Холандија, селекцијата на Украина се наоѓа во иста ситуација како и Македонија. Мечот со нас во четврток во Букурешт мора да го добие ако сака да се пласира во следната фаза.
За она што ги очекува Украинците против нашите “рисови“, Микола Матвиенко, дефанзивецот на оваа селекција на денениот прес посочи.
„Мора да победиме со Македонија. Ова е еден од најважните мечеви во оваа фаза од ЕУРО 2020, и тој мора да се добие. Ние се обидуваме да победиме на секој меч, без разлика дали станува збор за пријателски или официјален. Но во чеврток мораме да победиме“ констатираше Матвиенко.
На прашањето што мисли за Горан Пандев, капитенот на Македонија, Матвиенко одговори…
“Респект за Пандев. Тој е искусен играч, настапуваше за квалитетни клубови. Квалитетот е видлив. Можеби поради возраста и не е така брз како порано, но тоа не го спречува да прикажува квалитетни партии“.