„Тој идиот плати казна од 250.000 долари затоа што не сакаше да се тушира“

335

Некогашниот хрватски кошаркар Бруно Шундов настапуваше за голем број на клубови на неколку континенти. Овој центар почна во Сплит, па седум години играше во НБА лигата, а потоа и за Макаби, Аликанте, Валенсија и клубови од Азија.
Во НБА лигата играше за Кливленд и Индијана. Во „Подкаст“ зборуваше за своите две сезони во Индијана од 2000 до 2002 година кога одигра 33 натпревари. Во екипата биле Бред Милер, Џермејн О’Нил, Рон Мерсер и Рон Артест, а како 27. пик на драфтот бил избран Џамал Тинсли кој станал прв плејмејкер.
Тој Тинсли не сакаше да се тушира после тренинг или натпревар. Ние полека влегуваме во совлекувалната, а тој веќе спремен за одење. Еднаш, два пати, три пати… Реџи Милер му вели на менаџерот: „Донеси ја книгата на тимски правила, мораме да напишеме една промена. Секој играч мора да се тушира после секој тренинг, посебно после секој меч, во спротивно ќе биде казнет“. Првата казна беше 500 долари и натаму се удвојуваше“, раскажува Шундов.

Ајде погодете колкава казна плати Тинсли за нетуширање? Идиот! 250.000 долари плати затоа што не сакаше да се тушира после тренинг. Наводно се тушира дома, не сакал да биде меѓу соиграчите. Ние броевме, 250.000 долари плати за нетуширање“, додаде Хрватот.
Тинсли своите најдобри години ги помина во Индијана за која играше од 2001 до 2009 година, а потоа играше за Мемфис и за Јута.

ПретходноУште еден пораз на Шкупи – овојпат од Лученец!
СледноЛШ: Ужасен меч на Митревски и Порто – убедливо загубија од ГОГ