Фудбалерот на Монца, Пабло Мари бил еден од шесте повредени луѓе во напад во супермаркет во предградие на Милано. Инцидентот се случил во маркет „Керфур“ во „Миланофиори ди Асаџо“ шопинг центарот во Милано, кога маж на 47 годишна возраст зел нож од полица на маркетот и од непозната причина почнал да ги напаѓа луѓето во маркетот.
Четворица од вкупно шест избодени лица се сериозно повредени, а состојбата на Мари засега не е позната. Очевидци велат дека неколку храбри луѓе успеале да го совладаат напаѓачот и потоа повикале полиција која го однела во притвор и за кого ќе поднесе пријава.
Пабло Мари игра за Монца како позајмен од Арсенал. Сезонава одигра осум натпревари во Серија А.