ФФМ бара најстрога казна за Марко Арнаутовиќ

570
И Фудбалската федерација на Македонија се огласи по повод националистичкиот испад на Марко Арнаутовиќ, репрезентативецот на Австрија, после постигнатиот гол против Македонија. Тој упати навреди кон македонскиот репрезентативец, Езѓан Алиоски.
„Фудбалската федерација на Мaкeдонија најостро го осудува националистичкиот испад на австрискиот репрезентативец Марко Арнаутовиќ, после постигнатиот гол на вчерашниот натпревар со Македонија упатени кон македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски.
Истовремено ве информираме дека поднесовме официјален допис до УЕФА во кој бараме најстрога казна за австрискиот репрезентативец Марко Арнаутовиќ.
Како “Куќа на фудбалот” секогаш сме против национализам, дискриминација и сите други форми на навреди и испади кои не се во духот на фудбалот и вредностите за кои сите заедно се залагаме.
Секогаш ќе застанеме и ќе ги браниме интересите и достоинството на македонските репрезентативци каде и да настапуваат“, се вели во соопштението на ФФМ. 
ПретходноМатвиенко: Мораме да победиме против Македонија, респект за Пандев!
СледноЛевандовски и Полска на колена, Словаците со триумф и три бода! (ВИДЕО)