Реал ќе си „лапне“ екстра пари од елиминацијата на Атлетико и Барса од ЛШ

258

Реал Мадрид пројде во осминафиналето на Лигата на шампионите, меѓутоа таму ќе ги нема другите шпански претставници Барселона и Атлетико Мадрид. Тоа означи и екстра профит кај Реал Мадрид, поточно повеќе пари за европскиот и шпански шампион по испаѓањето на ривалите.

„Кралевите“ се единствени шпански претставници во ЛШ, што значи дека нема да ги делат парите наменети за шпанската ТВ права кои ги доделува УЕФА.

Севиља исто така испадна од ЛШ и се пресели во Лига Европа.
Атлетико не успеа да го совлада Леверкузен и се сели во ЛЕ исто како и Барселона која запиша една победа од пет меча во групата во ЛШ.
Реал Мадрид ќе заработи најмалку екстра 8,6 милиони евра. Ако стигне до финалето сумата ќе скокне до 11,7 милиони евра.

ПретходноАлегри: По паузата ќе „пееме“ друга песна
СледноХристов: Ние сме Вардар, одиме на победа на дербито со Воска!