Тренерот на Баерн (Минхен), Јулијан Нагелсман, изјави дека постои голема можност германскиот голман Мануел Нојер да го пропушти Светското првенство во Катар кое започнува за три недели поради повредата на рамото.
„Не можам да кажам категорично дека ќе го пропушти Светското првенство, но не можам да кажам ниту дека ќе игра“, прокоментира младиот стратег на Баварците.
„На Нојер му треба одмор. Рамото е сложена област. Не очекувам да се врати пред почетокот на Мундијалот. Правиме се што можеме за да го вратиме, но не знам дали тоа ќе се случи“.
Нојер нема играно од ремито 2-2 во Бундеслигата со Борусија Дортмунд на 8 октомври.