Фудбалерите на Аталанта на првиот денешен меч од редовното коло во Серија А на гости кај Емполи успеаја да триумфираат со 0:2. Ова беше по малку и рутински меч и победа за големиот фаворит на овој натпревар.
Гостите од Бергамо поведоа со голот на Хатебоер во 32.минута, додека конечните 0:2 беа дело на Лукман во 59.минута. Треба да се каже дека Аталанта не успеа да реализира и пенал.