4545И покрај тоталната доминација во поседот на топката, селекцијата на Шпанија не успеа да ја победи Шведска на првиот меч на ЕП 2020.
Во првото полувреме на мечот, Швеѓаните имаа само 16% посед на топка, а и некои други статистички бројки изгледаа неверојатно. Не пример, бројот на точни додавања на Шпанија беше 419, додека на Шведска само 57. Статистиката вели дека некои репрезентативни на Шпанија имаа повеќе точни додавања од цела селекција на Шведска во првиот дел.
За она што се случуваше на теренот, сепак, најдобро зборуваат сликите на топлинската мапа која го покажува движењето на фудбалерите на двете селекции на теренот.