Е. Пелистер со една промена во составот, битолчани го имаат „рецептот“ за победа!

183

Е.Пелистер вечерва (20:45 часот) му гостува на Афуаш Санташ во рамките на второто коло во Европската лига. Битолчани против португалскиот тим ќе се обидат да дојдат до првата радост, откако претходно беа поразени на домашен терен. Тренерот, Ларс Валтер направим една промена во составот, а тоа е на голманската позиција. На местото на повредниот Марко Кизиќ ќе биде Бобан Ристевски.

За оваа средба отпаднаа Емилијан Ѓорговски, Бојан Маџовски и Никола Стоилевски.

„Агуаш Санташ игра агресивна одбрана, брзи се во транзиција и играат типичен шпански ракомет. Мораме да ги намалиме техничките грешки, да не дозволиме лесни голови на противникот. Во тој случај мислам дека ќе имаат проблеми со нашата одбрана. 

Оваа победа ни е многу важна во остварување на целта, а тоа е пласман во нокаут фазата“, изјави пред мечот Марио Танкоски.

ПретходноЈувентус слави 125 години од своето постоење
СледноЛацио без Милинковиќ Савиќ во големото дерби против Рома