ЛШ: Елмас и Наполи на „Енфилд“ го чуваат 100% ефект

137

Екипата на Наполи можеби е во најдобра форма сезонава во Лигата на шампионите. До сега тимот од Неапол ги доби сите пет натпревари во групата и има гол-разлика 20:4, па одамна обезбеди пласман понатаму па вечерва против Ливерпул на „Енфилд“ ќе го брани првото место во групата А. Ливерпул има само еден пораз, оној од Наполи на „Диего Марадона“, па вечерва четата на Јирген Клоп ќе мора да атакува на победа од три или повеќе голови разлика за да го измести италијанскиот тим од челната позиција.

Ливерпул доаѓа во непријатен момент по поразот од Лидс во првенството, како и со голем број на повредени фудбалери. Луис Диаз, Диого Жота и Матип се повредени, а Наби Кеита не е доволно подготвен. И покрај тоа што веќе обезбеди пласман понатаму Клоп најави дека нема да прави ротации туку ќе игра со најдобриот тим што може да го изведе на теренот.

Кај Наполи шанса за настап би можел да добие Елиф Елмас кој сезонава е засенет од грузиската сензација Квича Кваратшкелија.

Во оваа група Ајакс и Ренџерс ќе се борат за третото место и пласман во ЛЕ. Ајакс има три бода, а Ренџерс нула. Шкотланѓаните имаат тешка мисија, мора да го победат противникот со четири или повеќе голови разлика.

Неизвесно е во групата Д. Тотенхем води со 8 бода, Спортинг е втор со 7 исто толку има и третиот Ајнтрахт, а Марсеј е последен со 6. Тука сите опции се во игра, па ќе мора да ги почекаме мечевите од 6.коло за да ги дознаеме двата патника понатаму.

ДВОЈКИ
ПОЧЕТОК: 18:45 ч.
ЛЕВЕРКУЗЕН – КЛУБ БРИЖ
ПОРТО – АТЛЕТИКО МАДРИД
ПОЧЕТОК: 21:00 ч.
БАЕРН – ИНТЕР
ЛИВЕРПУЛ – НАПОЛИ
МАРСЕЈ – ТОТЕНХЕМ
РЕНЏЕРС – АЈАКС
СПОРТИНГ – АЈНТРАХТ
ПЛЗЕН – БАРСЕЛОНА

ПретходноВидеолотарија преку фондацијата ЕДУКАТА ќе стипендира студенти од ранливите категории!
СледноВидал малку претера: Мадрид, ќе ви удриме клоца во газот…