Четвртолигаш стигна до финале на Купот, а ако го освои не смее да игра во Европа

768

Невидено досега. Во Грузија втората екипа на Локомотива од Тбилиси стигна до финалето на националниот Куп. Тие се натпреваруваат во четвртата лига на Грузија, но успеаа да обезбедт финале на Купот кое ќе го играат во декември.
Вториот тим на Локомотива успе да елиминира неколку прволигаши на патот, како Самгурали, Телави, во полуфиналето и Сабуртало.
Во финалето на 7 декември ќе игра против Торпедо Кутаиси на стадионот „Аџарабет арена“ во Батуми. Во случај на триумф тие нема да играат во Европа. Причината лежи во правилникот. Ако филијалата на Локомотива победи тогаш местото во Европа ќе му го препушти на првата екипа која неодамна испадна од елитата и идната сезона ќе игра во Втората лига (има 1 победа сезонава и 92 примени голови во 32 меча).
Првата екипа на Локомотива во Купот застана во осминафиналето по поразот од второлигашот Шукура.

 

ПретходноПМФЛ: “Пиратите“ во (не)возможна мисија против Силекс!
СледноВМФЛ: Вардар по бодови во Виница, Гостивар дома со Арсими, Пелистер на гости во Струга…