„Ова е најубавиот гол од слободен удар што го имам видено…“

224

Алавес ја совлада Сарагоса во дерби меч од втората шпанска лига со 1:0 со прекрасен гол на Џејсон Ремесеиро. Алавес иако играше со фудбалер помалку уште од 37. минута, сепак, ги освои бодовите. Се играше 62. минута кога Џејсон се намести да изведе слободен удар на околу 30 метри од противничкиот гол. Шутна и топката магично заврши во мрежата на противникот. Голманот се истегна колку што е долг но не успеа да одбрани.
Ова е најубавиот гол од слободен удар што сум го видел во животот“, изјави капитенот на Сарагоса, Запатер после мечот.
А таков е… Кандидат за наградата „Пушкаш“.

ПретходноПочнува вистинското за нашите ракометарки: Ќе го оставиме срцето на терен, не влегуваме со бело знаме!
Следно„Тите им рекол на репрезентативците да лажираат повреди во клубовите“