ПМФЛ: Скопје и Силекс си поделија по бод! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

441

Скопје – Силекс 0:0 е епилогот од попладневниот меч на Автокоманда во Скопје, прв од 14.коло во ПМФЛ.

Интересна битка, отворена, со желба за победа на двете екипи, но сепак на крајот и двете екипи си поделија по бод. Скопје со позрели шанси.

Бод кој искрено не им одговара ниту на “пиратите“ ниту на кратовци, но тоа е тоа.

Мечот започна со мало испитување на силите, а потоа од 19.минута со заканата на Ристовски од Силекс, се редеа акции и шансите.

Три минути подоцна Игњатов се закани од десно, но не го погоди голот, а младиот Азер Омерагиќ во 26.минута имаше зицер, убаво се снајде, но голманот на Силекс Божиновски фантастично одбрани.

До крајот на првиот дел првоАлии, кога се најде сам и биеше со глава, беше во шанса а потоа и Ричков, но ниту еден не погоди за водство на Силекс.

Па така на пауза се замина со тие 0:0.

Во второто полувреме иста слика, и Скопје и Силекс инсистираа на гол, но исто така внимаваа и на своите одбрани. Во 53.минута Чурлинов можеше и требаше подобро да реагира пред голот на гостите од Кратово, а на другата страна одличниот Љамалари беше тој што опасно се закани кон домашниот гол.

Во 75.минута Марјан Ристовски одново со шанса кога од слободен удар шутираше, но немаше среќа. Вратија домашните во финишот, но гол немаше па немаше.

Во 88.минута Најдоски доби директен црвен картон откако го спречи гостинскиот напаѓач Обадовиќ кој беше во идеална ситуација да излезе сам пред домашниот гол.

На крај Скопје – Силекс без победник со конечен резултат 0:0.

Сосема за крај и за судијата Александар Грујоски кој судеше без ист критериум за двете екипи, на штета на Скопје.

Сите останати натпревари од 14.коло се играат утре од 13 часот.

 

No description available.No description available.

No description available.

No description available.

 

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

ПретходноАлкалоид броеше до 47 против Куманово!
СледноВМФЛ: Вардар се прошета низ Виница, Гостивар убедлив, Караорман го победи Пелистер