Милан ја совлада Специја со 2:1 и то благодарение на атрактивниот гол на Оливие Жиру во финишот на мечот. Според Пиоли, потегот на Жиру го потсетило на легендарниот фудбалер на Рома Франческо Тоти.
„Фантастично додавање на Тонали и уште пофантастичен гол на Оли. Веднаш се сетив на начинот на кој Франческо Тоти постигна гол на едно од дербијата меѓу Рома и Лацио. Тогаш водевме со 2:0, а мечот заврши нерешено“, изјави Пиоли.
Даниел Малдини го постигна единствениот гол за Специја. Тој е дете на Милан, а во Специја игра како позајмен.
„Знаев дека Даниел Малдини ќе игра и некако чувствував дека ќе ни даде гол. Такви работи се чувствуваат. Мислам дека тоа беше совршена вечер за Паоло Малдини бидејќи неговиот син постигна гол, а Милан победи. Можевме да одлучиме се пред паузата. Секогаш е можно да се прими гол, но не смеете да престанете да играте и да бидете фокусирани. На крајот победивме и тоа е најважно“, додаде стратегот на Милан.
Le but de fou de Daniel Maldini n’empêche mdrrr
[📹 @surang110] pic.twitter.com/2EVea1U1fH
— AC Milan – FR 🏆 (@AC_MilanFR) November 6, 2022
C’est Haaland qui marque ce but, ça fait le tour du monde. Encore une fois Giroud sauve l’AC Milan. Quel mental pic.twitter.com/EpZY5MnFsz
— Logan_grlsh (@logan_grlsh) November 5, 2022