Нов ден на ЕУРО 2022, нова шанса: Ракометарките на мегдан со Холандија!

111

Македонската женска ракометна репрезентација имаше доволно време да се рехабилитира по поразот од актуелниот светски првак Франција по поразот на стартот на Европското првенство кое се одржува во Скопје.

Избраничките на Љубомир Савевски не само што имаа за одмор, туку и време да ги соберат импресиите, бидејќи за првпат го вкусија предизвикот на едно големо натпреварување.

Простор за разочарување нема, бидејќи денеска (18 часот) мора да се исправат и да се обидат да дојдат до првата радост на шампионатот. Противник е селекцијата на Холандија, уште една тешка задача. Оваа репрезентација во првото коло ја совлада Романија, покажа слабости, но испрати порака дека нашите девојки ќе мора да одиграат цврсто во одбраната и многу подобро во нападот, каде ќе биде потребна поголема храброст. Холандија брка победа за заверка на место во главната фаза.

Билети за оваа средба се уште има, истите можат да се набават преку официјалните мрежи за продажба.

На вториот дуел предвиден за мечевите во Скопје, силите ќе ги одмерат Романија и Франција.

ПретходноОчекувано: Ралф Хазенхитл доби отказ од Саутемптон
СледноТи-Џеј Шортс пристигна во Скопје: Пресреќен сум за доверената шанса, нема да ве разочарам (ФОТО)