Николов отпадна за дуелите со Норвешка и Данска!

189

Машката сениорска репрезентација на Македонија вечерва во Гевгелија, ги стартува мини-подготовките за натпреварите кои следуваат во ноемврискиот ФИБА „прозорец“.

Селекторот Александар Јончевски имаше проблеми околу формирањето на конечната листа на кандидати на која првично беа поставени 14. кошаркари.

Во последен момент, од списокот на патници за Гевгелија и конкуренција за средбите со Норвешка и со Данска, поради повреда, отпадна Кристијан Николов.

Согласно со планираното, во салата „26.април“, каде ќе ги играме натпреварите со двете селекции од Скандинавија, „црвено-жолтите“ ќе одработат седум тренинзи.

По вечерашниот, закажан за 18.часот, во вторник следуваат уште два, од 10 до 11.30 часот и од 18. до 19.30 часот.

Во истите термини ќе бидат и тренинзите на 9. ноември во среда, а нашите најдобри кошаркари ќе тренираат и на денот на првиот натпревар, во четврток, од 10 до 11. часот.

СПИСОК НА ИГРАЧИ НА МАШКА СЕНИОРСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА

(ЗА НОЕМВРИСКИ КВАЛИФИКАЦИСКИ ЦИКЛУС ЗА ЕВРОБАСКЕТ 2025)

Бобан Стајиќ (Пелистер)

Андреј Магдевски (МЗТ Скопје Аеродром)

Војдан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром)

Адем Мекиќ (МЗТ Скопје Аеродром)

Дамјан Робев (МЗТ Скопје Аеродром)

Бојан Крстевски (МЗТ Скопје Аеродром)

Виктор Ефремовски (Гостивар)

Андреј Маслинко (Гостивар)

Страхил Николов (ТФТ)

Амар Хот (Феникс 2010)

Стојан Ѓуроски (Оуренсе – Шпанија)

Теодор Симиќ (Борац Бања Лука-БиХ)

Ти-Џеј Шортс (Телеком Бон-Германија)

Селектор: Александар Јончевски

ПретходноГолем удар за Бразил, без една од најголемите ѕвезди на СП во Катар!
СледноОчекувано: Ралф Хазенхитл доби отказ од Саутемптон