ЛШ ЖДРЕПКА: Ливерпул и Реал во реприза на ланското финале, мега-дуел ПСЖ – Баерн

390

Денеска во Нион со ждрепка беа одредени двојките за првата рунда од нокаут-фазата во најсилното клупско натпреварување, Лигата на шампионите на УЕФА. Во рамките на осминафиналето ќе гледаме неколку исклучително интересни пресметки.

Особено во фокусот ќе биде репризата на ланско финале меѓу Ливерпул и Реал (М). Овој пат европските великани ќе мора да се сретнат уште во осминафиналната рунда. „Црвените“ ќе бидат домаќини на првиот меч, а реваншот ќе биде на „Бернабеу“ во Мадрид. Второто големо дерби ќе биде меѓу ПСЖ и Баерн (М). Според квалитетот на овие два тима, ќе гледаме дуел меѓу два од трите можеби најголеми фаворити за освојување на европската круна.

Наполи на нашит Елиф Елмас во оваа фаза за ривал го доби Ајнтрахт (Ф). Ова е исклучителна шанса за наполитанците да агтакуваат на место и во четвртфиналето.

Двојки за осминафинале:

° РБ Лајпциг – Манчестер Сити

° Клуб Бриж – Бенфика

° Ливерпул – Реал (М)

° Милан – Тотенхем

° Ајнтрахт (Ф) – Наполи

° Борусија (Д) – Челзи

° Интер – Порто

° ПСЖ – Баерн (М)

Првите осминафинални дуели се закажани за 14/15/21/22 февруари, додека реваншите ќе се играат на 7/8/14/15 март следната година. Финалето на Лигата на шампионите оваа година ќе се одигра на стадионот „Ататурк“ во Истанбул на 10 јуни.

ПретходноТи-Џеј Шортс пристигна во Скопје: Пресреќен сум за доверената шанса, нема да ве разочарам (ФОТО)
СледноСудиска анализа: Шкендија оштетена, поништен и бил чист гол на мечот со “пандевци“