Вест на денот не е ждрепката за 1/8 финалето во ЛШ, туку продажбата на Ливерпул, на еден од најголемите клубови во Англија и во светот. Имено како што објави ЕСПН, а потоа преземаа речиси сите медиуми на Островот, американската фирна ФСГ која е сопственик на “редси“, или сопственик на најголемиот дел од акциите, објавила дека има намера да го продаде Ливерпул.
Секако дека ова е “бомба“ вест од Англија, посебно ако се знае што значи овој клуб во светот на фудбалот.
Да потсетиме дека ФСГ пред 12 години го купи клубот од „Енфилд“ за 300 милиони фунти, а веројатно, ако се знае за колчку е продаден Челзи, дека ќе се бараат најмалку 4 милијарди фунти.