Ердал Ракип и Малме се разделија!

526

Ердал Ракип не е веќе фудбалер на Малме, на шведскиот гигант. Поточно нашиот репрезентативец по крајот на сезоната и официјално ќе си замине од клубот каде што себе си се промовира во фудбалска Европа.

Познато е дека на Ракип му истекува договорот па тој че побара нови предизвици во својата кариера. Оваа вест ја потврдија и од Малме на својот клупски сајт, со убави зборови со кои не заборавија да му се заблагодарат на Ракип за се она што тој направи за Малме.

Инаку Ракип е дете на Малме, каде што и го имаше своето деби во првиот тим откако ја мина младинската школа на овој тим. Во 2018 година направи трансфер во Бенфика, па потоа беше член и на Кристал Палас за да во 2019 година се врати во Малме.

ПретходноМакедонија има два реми натпревари против Холандија
СледноФановите обвинуваат: Барса – Јунајтед? УЕФА ја “намести“ ждрепката во ЛЕ! (ФОТО)