Па, зарем е можно? Козјнае. Имено откако денеска во Нион се дозна дека на ждрепката во рамките на плеј – офот во Лигата на Европа се паднаа меѓусебе Барселона и Манчестер Јунајтед, милиони фанови ширум Европа на социјалните мрежи обвинуваат дека УЕФА намерно ги ставила овие два гиганти да играат меѓусебе во оваа фаза, односно едноставно ја “наместила“ ждрепката.
Како доказ тие посочуваат што на официјалниот сајт во најавата на ждрепката стои дека токму овие два клуба како двојка ќе играат во плеј – офот. Набргу УЕФА ја тргна најавата, но сепак некој се погрижил да го скенира тоа како доказ.
Се напоменува дека УЕФА е свесна дека ЛЕ не е толку гледана како ЛШ, па токму зи затоа сакала Барса и Јунајтед да биде двојката за ова рана фаза од ова натпреварување.