Втор меч и втор пораз за нашата репрезентација на ова ЕП. Вечерва против силната Холандија, нашите девојки се поразени со 15:30, тоа значи дека доживеавме уште поубедлив од оној со Франција.
Тоа значи дека Македонија за победа во групата – Ц, ќе ја бара во среда и тоа со Романија.
Уште на почеток се виде кој е кој, нашите ја имаа поддршката од трибните, но рековме веќе, Холандија е пресилна во овој момент од Македонија. Секоја чест за нашите девојки, тие беа храбри, се бореа до максимум, посакуваа што подобар резултат, но сепак на крајот претрпен е уште еден пораз.
Нападот за разлика од мечот со Франција беше подобар, барем во еден дел од мечот, имавме акции, голови, некогаш недостасуваше тој последен пас. Холандија и вториот дел го започна со првиот состав, тоа кажува многу за нивниот респект.
На пауза се замина со 9:17, почнавме не така добро, премногу импресионирано, на моменти имавме и минус еден и минус три, но сепак се замина на пауза со минус осум голови.
Во вториот дел долго ни требаше да погодиме, во 34.минута го постигнавме тој прв гол, во еден момент Гичевска врза два гола за 14:21, но разликата никако не успевавме да ја намалиме, иако реално во 47.минута, ако се смета само второто полувреме резултатот беше 5:5. Но од тој момент влеговме во лош период па следуваше период од 15 минути и повеќе без гол, кога конечно Ристовска погоди, а Холандија си ја билдаше својата разлика.
На крај резултатот гласеше 15:30.
Уште еден пораз за Македонија на ова ЕП, но треба да гледаме толку критички, ова ЕП треба да се сфати како добивање искуство за некои идни натпревари и натпреварувања.
Важно е дека се има желба, а грешките кои и на овој меч како и со Франција, беа многу. Посебно не успевавме во одредени моменти да погодиме од зицери. Но тоа е тоа е неискуство што нашите девојки го имаат од играње на вака големи натпревари.
Што се однесува до стрелците, Сара Ристовска со 4 голови кај нац беше најефикасна, по два постигнаа Гичевска, Саздовска, Јаневска и Кипријановска, додека по еден Дабевска, Јанкуловска и Џатеска. Кај Холандија Смитс со 7 голови беше најефикасна на мечот.