Македонија од денеска комплетна – се приклучуваат Ѓуроски и Симиќ!

293

Македонската кошаркарска репрезентација стартуваше со подготовките за претквалификациските мечеви за пласман на ЕП 2022 година. Селекторот Александар Јончевски и неговите момци со две победи во исто толку одиграни натпревари ја стартуваа новата борба за излезе на едно големо натпреварување, на кое Македонија нема учествувано од ЕП 2015 година.

Нашите кошаркари во ноемврискиот прозорец ќе ги одмерат силите со Норвешка и Данска, дуелите се играат во салата „26 април“ во Гевгелија.

И овој пат составот претрпе промени, ги нема Димитријевиќ и Јакимовски, а поради повреда отпадна Николов. Ново име е натурализираниот Македонец, Ти-Џеј Шортс, членот на Телеком Бон треба да донесе свежина во нашите редови.

Од денеска Јончевски на располагање ќе ги има сите повикани кошаркари, според најавите треба да се приклучат Стојан Ѓуроски и Теодор Симиќ.

На 10. ноември, Македонија игра против селекцијата на Норвешка, и три дена подоцна, на 13. ноември, исто во Гевгелија гостува репрезентацијата на Данска.

ПретходноИранец прослави гол со храбар потег, од Федерацијата најавија казна
СледноЛука Дончиќ постигна кош со рамо (ВИДЕО)