Не го зема зетот на СП во Катар иако тој е еден од најискусните играчи, а бил и капитен

523

Селекторот на Австралија Грем Арнолд го соопшти списокот на фудбалери за претстојното СП во Катар, а на него не се најде неговиот зет и еден од најдобрите играчи на националниот тим Трент Сенсбери.

Иако Сенсбери има 61 настап и е трет најискусен играч од актуелниот тим на Австралија зад голманот Мет Рајан и напаѓачот Метју Леки. Сенсбери е оженет со ќерката на Арнолд, Елиса и со неа има две деца. Сепак, Арнолд одлучи да покаже строгост и професионализам и не го повика Сенсбери кој игра во катарски Ал Вакрах и неколку пати бил капитен на репрезентацијата.

Зборував со Трент и му објаснив зошто не го земав во тимот. Тој е надвор од форма, а играчи како Соутар и Роулес се во одлучна форма и заслужија да бидат на СП. Не знам дали се налутил, но ја направив вистинската работа“, порача Арнолд.

Интересно, 17 oд актуелните 26 фудбалери за првпат ќе играат на Мундијал. Во репрезентацијата на Австралија се поранешниот шкотски репрезентативец Џејсон Камингс како и тинејџерот Гаранг Коул. Коул е роден во Египет од емигранти кои избегале од граѓанската војна во Судан, а потоа со семејството заминале во Австралија.

Заедно со Камингс играат за Централ Коуст Маринерс во австралиската лига.

ПретходноСенида воодушевена од изведбата на Кики и Еурека на отварањето на ЕУРО 2022 (ВИДЕО)
СледноАнчелоти: Ни недостигаше свежина