Поранешниот голгетер на Ливерпул, Роби Фаулер поднел кандидатура за селектор на фудбалската репрезентација на Северна Ирска, пишува весникот „Белфаст Телеграф“.
Северна Ирска бара нов селектор откако договорот на Ијан Бараклаф беше раскинат поради слаби резултати. Но легендата на Ливерпул со сигурност не е меѓу фаворитите за позицијата затоа што од ФА на Северна Ирска кажа дека има пријавено многу кандидати за позицијата.
Според телевизијат Скај Спортс, кандидат број 1 е Мајкл О’Нил, кој го водеше националниот тим на С.Ирска на Евро 2016. По европскиот шампионат не успеа да ги помине квалификациите за СП 2022, па поднесе оставка и отиде во Стоук Сити.
Друга опција е Нил Ленон, поранешниот тренер на Селтик, довчерашен тренер на Омонија од Никозија.
Фаулер како тренер работел во Муангтонг Јунајтед во Тајланд, потоа австралиски Бризбејн Роар, а во 2020/21 и во индискиот Ист Бенгал. Потоа заедно со поранешниот соиграч Џејми Карагер основа детска фудбалска академија.