Можеби не сте знаеле, но EA SPORTS, компанијата која ја создаде познатата игра на ФИФА, погоди тројца претходни освојувачи на Светското првенство. Во пресрет на Мундијалот во Катар, истата оваа компланија повторо излезе со своја прогноза за тоа кој ќе се искачи на светскиот трон.
Со помош на симулирање на сите натпревари на ФИФА 23, најпопуларната фудбалска симулација, EA Sports тврди дека нов светски шампион ќе биде Аргентина, а во финалето ќе гледаме вистинска јужноамериканска фудбалска класика против селекцијата на Бразил.
Третото место им се предвидува на Французите, кои треба да ја победат Португалија во мечот за третото место. Според прогнозата, Србија не би ја поминала ни групата, а заедно со Бразил во следната фаза од оваа група би отишла и Швајцарија.
Лионел Меси би бил најдобар играч и најдобар стрелец на турнирот со осум гола на седум натпревари.
🎮EA Sports using FIFA 23 simulation have predicted that;
🇦🇷Lionel Messi’s Argentina will win this year’s FIFA World Cup in Qatar.
🏆They’ve predicted the last 3 World Cup winners correctly.
🇪🇸 2010
🇩🇪 2014
🇫🇷 2018
🇦🇷 2022#Messi𓃵|#FIFAWorldCup|#Qatar2022 pic.twitter.com/UPXOAIBiQx— Champions League Stats (@alimo_philip) November 8, 2022