Барса со играч помалку до голем пресврт во Памплона (ВИДЕО)

164

Барселона ја совладаа Осасуна во Памплона со 2:1, по големиот пресврт со играч помалку кој го приреди Рафиња во 84. минута. Средбата ја одбележаа два црвени картони за Барселона и голем пресврт на „Блауграна“.

За Барса се започна лошо. Осасуна поведе по шест минути со голот на Давид. Левандовски имаше шанса 20 минути подоцна да го израмни резултатот, но неговиот удар го одбрани домашниот голман Аитор Фернандез. Нешто по половина час игра Роберт Левандовски невнимателно фати противнички играч со рака, судијата Манзано извади жолт картон, што беше втор за Полјакот вечерва и му го покажа патот до соблекувалната.

Барса успеа да постигне гол во судиското надополнување на првото полувреме, но голот на Феран Торес беше поништен поради офсајд.

Незадоволен од арбитражата на Хил Манцано, Жерар Пике кој беше на клупата за резерви, бурно протестираше на полувремето и беше исклучен во последниот натпревар во кариерата.

Барса сепак успеа да стигне до целта со играч помалку. Во 48. минута Педри ја искористи лошата реакција на домашниот стопер Унаи Гарсија и ја испрати топката во мрежа за 1:1. Одлуката падна на самиот крај, кога Рафиња со еден прекрасен лоб го совлада домашниот голман за голема победа на Каталонците.


Standings provided by Sofascore

ПретходноМиовски промаши пенал, Абердин загуби
СледноКуп 1/4 финале: Мега – дуел на Чаир за уживање, Вардар на гости во Кратово, “лавовите“ на мегдан со “пандевци“