Клубот Ливерпул, кој важи за еден од најголемите во Англија, еден од најголемите и најтрофејни и во фудбалска Европа, и дефинитивно ќе биде на продажба. Досегашниот газда, фирмата ФСГ која е сопственик на најголем дел од акциите, има намера да го продаде и да заработи максимално што може ако се знае дека во 2010 година го купи за само 300 милиони фунти.
Инаку познато е дека дел од сопствеништвото на клубот од “Енфилд“, поточно мал дел од акциите, има и Леброн Џејмс, но и други познато фаци во светот на шоу бизнисот и пред се спортот.
Е, сега, колкава ќе биде цената, тоа јасно е дека сеуште не може со сигурност да се каже, но се очекува таа да биде околу 5 милијарди долари, посебно ако се знае дека Челзи пред неколку месеци се продаде за 4,25 милијарди фунти.