Дербито на Чаир уште е во прекин, најверојатно нема да продолжи!

846

По она што се случи во 9.минута, кога по голот на Шкендија дојде до општи хаос на стадионот на Чаир, кога дојде до тепачка на теренот и до хаос на трибините, дел од домашните фанови влетаа на терен, мечот уште е во прекин. Прво гостите од Тетово го напуштија теренот, а потоа и домашните и сега сите актери се во соблекувалните.

Како што велат нашите информации мечот нема да продолжи. Сепак, да почекаме и на официјалниот став на делегатот и судијата Качевски.

ПретходноЕфремовски: Очекувам две победи и полна сала!
СледноОфицијално: Мечот Шкупи – Шкендија нема да се доигра денеска, за тоа што понатаму ќе решава ФФМ! (ВИДЕО)