Фудбалската асоцијација на Англија го казни Манчестер Јунајтед парично со 82.000 фунти поради непримерно однесување на играчите на мечевите со Њукасл (0:0) и Челзи (1:1) во Премиер лигата. Тогаш фудбалери на овој тим се кренаа против судиите на двете средби поради непризнает гол на Роналдо и поради досуден пенал по прекршок на Скот Мектоминеј.
„Манчестер Јунајтед е казнет со 82.000 фунти поради прекршување на правилото Е20.1 на ФА за време на мечевите со Њукасл на 16 октомври и Челзи на 22 октомври.
Клубот призна дека не успеале да да реагира и да ги дисциплинира играчите за да се однесуваат како што се бара во 49. минута од натпреварот против Њукасл и во 84. минута од натпреварот против Челзи. Независните регулаторни комисии наметнаа казни од 45.000 фунти, односно 37.000 фунти за прекршување на правилата во два одвоени прилики“, се вели во соопштението на Фудбалската асоцијација.
ФОТО: Twitter