Македонскиот фудбалер Мартин Мирчевски со два гола донесе победа на Бачка Топола над Железничар Панчево во Купот на Србија. Бачка се пласира понатаму, а Мирчевски погоди од пенал во 3. минута и во 32. минута.
Инаку сезонава Мирчевски одигра 13 натпревари за ТСЦ и има ефект од седум гола.
А Зоран Даноски ги даде двата гола во победата на Радник со 2:1 на гостувањето кај Раднички Белград. Прилепчанецот едниот гол го даде во првото, а другиот во второто полувреме за победа.