Пол Погба ги налути навивачите на Јувентус (ВИДЕО)

306

Пол Погба се врати во Торино минатото лето. На Французинот му истече договорот со Манчестер Јунајтед и тој ја одбра опцијата да се врати во Јувентус, повторно како слободен играч. Сепак, сега 29-годишниот фудбалер допрва треба да дебитира за својот стар/нов тим. Французинот од неговото доаѓање се справува со повреди, коленото му е проблематично.

Имаше оптимистички прогнози дека ќе успее да одигра неколку минути во текот на месец ноември, дури и да се најде во конкуренција за списокот на Дешам за Светското првенство, но ништо не се случи.

Деновиве „десетката“ на Јувентус е активна на социјалните мрежи каде споделува различни видео објави. Со последното ги налути навивачите на италијанскиот тим,  на истото тој танцува, насловот гласи „Го тестирам коленото“,

Коментарите на навивачите се дека Погба дошол да се пензионира во Јувентус, потоа како треба повеќе да се концентрира на тренинзите и слично.

Ги чекаме првите „танцови“ потези и на теренот, запомнете дека Погба заработува нешто повеќе од осум милиони евра годишно во Јувентус.

ПретходноМурињо го обвини играч за предавство, италијанските медиуми го објавија неговото име!
СледноКултниот болид на Шумахер продаден за рекодна сума!