Крај на една ера: Играчите против својот тренер, Симеоне нема веќе авторитет во Атлетико Мадрид!

740

По цели 12 години се чини дека ова е крај на една успешна фудбалска ера во светот на фудбалот, во Атлетико Мадрид. Диего Симеоне не е веќе тој победнички Чоло за кого играчите ќе го дадат и својот живот што се вели. Тој и дефинитивно го загуби авторитетот кај нив, во соблекувалната. Посебно по очајните резултати сезонава, како во ЛШ така и во Ла Лига. Голем дел од нив веќе и не кријат дека не можат да го смислат својот стратег, од ден на ден излегуваат нови информации за тоа дека Симеоне веќе е непожелен за нив на клупата на Атлетико Мадрид.

Последниот случај е со Маркос Љоренте кога на мечот со Мајорка беше повикан од Чоло покрај аут – линијата да добие нови инструкции, а овој си продолжи по старо, си играше како што сака тој, а не како што треба или како што му кажа Симеоне.

ПретходноЕвролига: Партизан и Ц.Звезда со порази, и Ефес загуби во Мадрид
СледноТинејџер му донесе победа на Лацио против Монца (видео)