Александар Трајковски нема да може да биде во составот на А-репрезентацијата на Македонија на претстојните пријателски мечеви против Финска и Азербејџан. Како што информираат од таборот на репрезентацијата, нашиот напаѓач има повреда на листот на ногата и затоа овие два меча ќе мора да ги прескокне.
Стручниот штаб на чело со селекторот Благоја Милевски дополнително ќе одлучи кој ќе добие повика место херојот од Палермо.