Попладнево е објавен списокот на 26-те играчи на кои селекторот на Португалија, Фернандо Сантош ќе смета за настапите на СП во Катар кое започнува за десет дена.
Откако ги објавија имињата, Сантош се извинуваше на сите оние кои требало да се најдат на него, но не се нашле и тоа поради фактот дека нема место за сите.
Ете со каков потенцијал располага Португалија.
Треба да се каже дека од разни причини, на конечниот список не се Мутињо, Жота, Ренато Санчез, Марои Руи, Семедо и уште многу други големи ѕвезди.
Но затоа тука се Роналдо, Диого Коста, Кансело, Данило Переира, Пепе, Рубен Дијаш, Мендеш, Жоао Карваљо, Витиња, Бруно Фернандеш, Бернардо Силва, Жоао Феликс, Рафаел Леао…
Уф, каков квалитет. Се чини дека оваа Португалија може и до титулата во Катар.