ЕП: Словенија ја “торпедира“ Хрватска!

78

Одличен настап на ракометарките на Словенија во првиот меч од групата -1 во главната фаза на ЕП вечерва во салата „Стожице“ во Љубљана и победа над Хрватска со 26:18 (13:12). Натпреварот се одигра во фантастична атмосфера, домашната селекција имаше голема поддршка од своите фанови.

Ракометарките на Хрватска и тоа како се држеа во првото полувреме, на пауза се замина со минус еден гол за нив, но во продолжение од средбата, Словенија го искажа сиот свој квалитет и успеа да дојде до голема победа и да освои драгоцени бодови.

Во победничкиот тим најефикасна беше Грос со 7 голови, додека Љепоја имаше 5 од 5. Кај Хрватска најефикасна беше Блажевиќ со 5 голови.

Во оваа група се и селекциите на Норвешка, Шведска, Данска, и Унгарија.

ПретходноМакедонското дерби во ВТБ-лига за Рајковиќ, Димитријевиќ одличен во поразот од ЦСКА!
СледноКонечно: Тргната е блокадата, сега може да се коментира на ФБ на ФК Брегалница!