Казна по мерка: „Тепачот“ Билали во „аут“ шест месеци!

6898

Како што и најавивме, „тепачот“ Сабит Билали, фудбалерот на Шкендија по онаа глупост што ја направи на мечот со А. Пандев доби драконска казна, и тоа со право. Тој е казнет со шест месеци забрана за настап. Тоа значи дека Билали ќе може да заигра дури на 7 мај следната година. Значи за него заврши сезоната.

Ова е одлуката на Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Македонија.

И се поради тоа што Билали на тој меч со „пандевци“ прво со бокс удри противнички играч, а потоа, кога овој беше долу на теренот, го шутна со нога.

Навистина глупост, невидена глупост.

Па така сега Билали ќе се “лади“ во следните шест месеци.

Нема што, казна по мерка.

ПретходноФановите го одбраа новото лого на Астон Вила
СледноПикси го објави списокот: Митровиќ, Влаховиќ, Јовиќ….