„Бомба“: Мурињо на клупата на Реал Мадрид, ама во јуни….!

1465

Жозе Мурињо по крајот на сезоната повеќе од сигурно ќе си замине од Рома и ќе се врати во Мадрид, и тоа во Реал Мадрид. Имено, барем според пишувањето на италијанската „Република“, Португалецот не би имал ништо против по една деценија да се врати на клупата на најголемиот клуб во светот. Познато е дека “специјалниот“ беше стратег на “кралевите“ од 2010 до 2013 година.

Флорентино Перез засега е задоволен од работата на Карло Анчелоти. Но до јуни се може да се случи, и ако веќе мора да биде сменет стратегот кој пред неколку месеци на Реал му ја донесе новата титула во ЛШ, тогаш прв пик на Перез му бил токму Жозе Мурињо.

ПретходноИ Аргентина го објави списокот: Меси, Дибала, Лаутаро, Ди Марија…може ли овој тим до титулата!? (ФОТО)
СледноТен Хаг: На добар пат сме