ЕП: Германија ја “реши“ Холандија!

85

Во првиот натпревар од главната фаза во Групата -2, која се игра во Скопје, во салата “Борис Трајковски“, селекцијата на Германија ја победи Холандија со резултат 36:28 (17:13). Да потсетиме дека холанѓанките беа во нашата група -Ц, во групната фаза на ова ЕП.

Првиот дел им припадна на Германките, период кој го добија со четири голови разлика. Во првиот дел од второто полувреме речиси беше израмнето, а тоа значи дека Германија ја задржа предноста, а потоа и ја зголеми и на еден рутински начин го доведе мечот во своја корист.

Да, Германија победи, но треба да се каже дека Холандија едноставно не личеше на себе вечерва, далеку од онаа игра против Франција или Македонија пред неколку дена.

Кога сме кај стрелците да кажеме дека кај Германија најефикасна беше Гријселс со 8 голови, додека кај Холандија тоа беше Малестајн исто со 8 погодици.

ПретходноПрвиот човек на ЕХФ Михаел Видерер е во Скопје! (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноБутел убедлив во Струга, Пролет подобар од Радовиш!