Попладнево се одиграа два меча од 12.коло во ВМФЛ. Во Охрид, каде се играше дербито на колото, Гостивар со 1:2 успеа да победи и со тоа барем до утре ќе биде лидер на табелата. Стрелци на головите за Гостивар беа Каланоски и Велинов.
Да кажеме дека по мечот дојде до инцидент, до немили сцени каде имаше кошкање меѓу играчите на двете екипи.
Воска Спорт потешко од очекувањата успеа да слави во Чегране, на гости кај Арсими и тоа со 1:2. Емини и Фета беа стрелци за Воска Спорт, додека Здравковски стрелаше за Арсими.
Сите останати мечеви се играат утре со почетој од 13 часот.