Кошаркарите против Данска со една мисла: Со свежи глави до перфектен ноември!

190

Македонската кошаркарска репрезентација вечерва (19 часот) во Гевгелија го игра вториот дуел од ноемврискиот прозорец, вкупно четвртти во претквалификациите за ЕП 2025 година. Избраниците на Александар Јончевски за противник ја имаат селекцијата на Данска која веќе еднаш ја совладаа на гостински терен, а во оваа средба влегуваат како лидери во групата без ниту еден пораз.

Предводникот на нашиот најдобар национален тим е претпазлив пред оваа средба, знае дека убедливата победа над Норвешка, но и триумфот против Данска на гости не значи ништо доколку не се почитува договореното.

@Очекувам цврста игра против Данска и не треба да нè залажува фактот дека ги победивме на гостински терен. Разговаравме со момците, ни требаат свежи глави за да ја завршиме втората третина од овој циклус. Било каков кикс ќе не врати подолу. Во овие неколку денови се подготвуваме доволно и ветувам исто добра игра како и онаа против репрезентацијата на Норвешка.

Не гледам некој изразит фаворит во овие четири селекции кои се во нашата група. Ќе се обидеме да бидеме максимално успешни и воовој ноемвриски ‘прозорец’ на ФИБА“, изјави Јончевски пред дуелот со Данска, која ја совладавме благодарение на тројката на Ненад Димитријевиќ со звкукот на сирената. 

Предвидено е преносот од овој важен дуел на „црвено-жолтите“ да се емитува на Sportklub 1 HD каналот.

ПретходноВардар си го враќа врвот против Беласица
СледноСан: Првата геј двојка во Премиер лигата им се довери на соиграчите