Ставрев „главен“ на пријателската Албанија – Ерменија!

182

 

Македонска судиска “свирка“ на пријателскиот меч меѓу Албанија и Ерменија. Имено главен судија ќе биде Александар Ставрев, а негови помошници се Гоце Петрески и Куштрим Лика. Тие се одредени да го судат овој натпревар меѓу Албанија и Ерменија кој се игра на 19 ноември (сабота) на стадионот „Ер Албанија“ во Тирана со почеток од 17:30 часот.

Ова е време за одигрување на пријателски натпревари, па така и Македонија ќе игра два меча, со Финска и Азербејџан. Интересно, во сабота Ставрев ќе и суди на Албанија во Тирана, а следниот ден Албанецот Јорги Енеа ќе ја дели правдата на мечот меѓу Македонија и Азербејџан.

ПретходноИако играа заедно 9 години: Роналдо не му честитал на Бензема за „Златната топка“?!
СледноПолувреме: Џокиќ промаши зицер, во Ѓорче мрежите мируваат…