Полувреме: Џокиќ промаши зицер, во Ѓорче мрежите мируваат…

202

 

Без голови по првото полувреме на денешниот меч, последен, од 15.коло во ПМФЛ меѓу Македонија ЃП и Брегалница. Гостите од Штип беа подобри, поконкретни имаа и зицер во 24.минута кога Џокиќ од идеална ситуација не успеа да постигне гол, поточно голманот Стевковски одбрани. Четири минути подоцна истите актери на сцена, но одново голманот на “лавовите“одбрани.

Треба да се каже дека во два наврати Херера опасно центрираше и тоа донесе паника во домашната одбрана, еднаш се обиде и директно од корнер. “Лавовите“ во неколку наврати се заканија со удари од далечина, тоа најчесто го правеше Стоилов, но не беше тоа прецизно.

Па така на пауза се замина со тие почетни 0:0.

ПретходноСтаврев „главен“ на пријателската Албанија – Ерменија!
СледноПорно студио сака да ги откупи правата на името на арената во Мајами