Ти – Џеј Шортс и победа на Македонија против Данска!

1813

Вечерва во Гевгелија во салата „26 април“ Македонија во драматичен меч и по продолженија Македонија со 74:71 (14:20, 18:17, 16:17, 16:10) ја победи Данска. Благодарение на фантастичниот Ти- Џеј Шортс кој беше брилијантен.

Ова беше натревар од 4.коло во групата -Д од претквалификациите за пласман на ЕВРО 2025.

Ако пред три дена, исто во Гевгелија лесно ја минавме Норвешка, во вториот меч во овој ноемвриски „прозорец“ тогаш вечерва бече драматично и повеќе од тоа. Ова е четврта победа во четвртиот меч во групата.

Инаку мечот започна со најава дека нема да биде така лесно за Македонија. Имено по почетните 5:7 и 9:9, Данска беше таа која брзо се одлепи и за водство од 9:17. Дарбо во тие моменти беше нерешлива енигма за нашите кошаркари, речиси од секоја позиција знаеше да погоди.

По првата четвртина резултатот гласеше 14:20. Посебно критично беше на почетокот и на средината од втората кога гостите имаа и +11 во два наврати, 16:27 и 21:32. Сепак Македонија почна да играа далеку подобро, па со кошевите на Ти-Џеј Шортс, Стојановски и Крстевски стигнаа сепак на крајот од полувремето на -5 поени или 32:37.

На стартот од второто полувреме се обидувавме да сториме нешто повеќе, што побрзо да ја стигнеме предноста, но сепак имавме грешки, непотребни кои создаваа и непотребна нервоза. Во тие моменти Ѓуроски сепак постигна тројка за -3. Ова беше негова втора тројка на мечот.

Имавме два напади за преземење на водството, беше 39:40, но не успеавме. И кога е така тогаш Данска одговори со шест пет поени за водство од + 6 за гостинската репрезентација.

Нема што, Данска на овој меч играше агресивно, знаеше што сака и претставуваше тврд орев за момците на селекторот Александар Јончевски.

Имавме голема поддршка од трибините, но некако како да не одеше. За среќа Војдан Стојановски постигна тројка за -2.

Но, Данска и натаму беше во водство и тоа со +9 во еден момент во третата четвртина.

Интересно, во последните секунди Мекиќ погоди тројка од повече од половина терен за 48:54 за крај на третата четвртина што наиде на ерупција од воодушевување во салата. Во вистински момент за пресврт во последната четвртина.

Сепак се ситнеа минутите во последната четвртина, но Македонија никако не можеше да ја стигне разликата на гостите. Борбеноста беше тука, како и желбата, но тоа не беше доволно повеќе од очигледно.

Во 35 минута Данска сеуште имаше водство, и тоа со +5 поени разлика или 52:57.

Тројките никако не ни одеа, барем во тие моменти, поради тоа не успевавме да се приближиме резултатски. Затоа Јукиќ погоди за +8 за Данска на 3,25 минути до крајот.

Но, Магдевски ја врати надежта со три поени во еден напад за 57:60.

А Ѓуроски погоди тројка за -2 на 25 секунди до крајот.

Драма во финишот 64:64.

И се замина во продолженија овој меч.

А таму Македонија успеа да победи.

Браво за Македонија.

Ти – Џеј Шортс постигна 33 поени, Дарбо кај Данска реализираше 21 поен.

ПретходноСтрашна повреда на Драговски – Полска ќе бара нов голман за СП
СледноРасел победи во Бразил за прв триумф во кариерата!