Јубилеј: Нестор со 100 настапи во Серија А!

188

Убав јубилеј и тоа означен со гол за нашиот репрезентативец Илија Несторовски. Имено вчера Нестор на мечот со Наполи во дресот на Удинезе го одиграл 100-тиот меч во Серија А. Постигна гол во поразот на неговата екипа, играше против својот сонародник Елиф Елмас и нема причина да биде незадоволен и покрај поразот.

Инаку во тие 100 натпревари во Серија А, Македонецот одиграл 63 меча за Удинезе и 37 за Палермо.

ПретходноРасел победи во Бразил за прв триумф во кариерата!
СледноЕП: Франција убедлива против Ц. Гора!