Во големото дерби во Серија А, во меч од 15.коло, вечерва во Торино, Јуве со убедливи 3:0 успеа да го победи Лацио. Јуве бепе подобар тим, одигра навистина добро, а Кин во 43. и 54.минута погоди за 2:0. И да не биде така на крајот се погрижи Милик со гол за конечни 3:0.
Јуве се враќа во „игра“, се вратија повредените играчи и Јуве сега е моќен и како што му доликува на еден таков гигант.
Ова е деветта победа на тимот на Алегри, сега има 31 бод и ја запоседна третата позиција на табелата во Серија А, еден повеќе од Лацио кој го доживеа третиот пораз сезонава.